Постојат моменти во вашиот живот кога мислите дека изгледате совршено. Секси, гламурозно, истовремено и нежно. Но, сепак се случува во таквите моменти да не ви пријде никој од мнозинството мажи во клубот. Се прашувате во што е проблемот? Дали е тоа нивното машко его, или пак е нешто друго?
Но постојат причини кои би го избркале и вашиот најголем обожавател, а тоа е ваша вина:
ВАШИОТ ИЗГЛЕД - Постојат многу жени кои не е најпривлечни, но знаат да го освојат машкиот поглед, додека постојат и многу жени кои не предизвикуваат заинтересираност во машките очи. Што е она што ги прави мажите да се плашат да ви пријдат?
1. Луксузниот стил - Облеката по најнова мода и совршената фризура се пришина да не ви се приближи ниедно машко, сметајќи дека имате прескап вкус за облека, а тие се плашат дека нивниот џеб е плиток да ги задоволи вашите потреби. Зато не претерувајте. Ноќното излегување не е бал или свадба..едноставно ставете фармерки и некоја поедноставна и слатка маичка.
2. Премногу секси изглед - Во ред е да откриете некои делови од вашето тело, но тоа нема да ви го донесе мажот кој го посакувате. Зошто? Затоа што сите погледи ќе бида вперени во вас, но никој нема да ви пријде. Прво затоа што некои од нив сметаат дека сте премногу секси да ги погледнете, а други пак сметаат дека не сте пристојна девојка. Затоа, разголувањето не е начин да привлечете некој. Ако ставите кратко здолниште не го откривајте премногу деколтето..и обратно. Мажите сакаат мистерија, односно да замилсуваат и да претпоставуваат што крие вашата облека.
3. Премногу алкохол - Објаснување е излишно, но никогаш не стана старомодно. Пијана жена изгледа одвратно. Во ред е да конзумирате алкохол во граница да се расположите, но не претерувајте, држете ги конците затоа што ситуацијата може да излезе од контрола.
Дали знаете кои се причините кои го спречуваат посилниот пол да му пријде на понежниот?..