canada goose pas cher canada goose solde canada goose pas cher

Каменуван станот на уредничката на ТВ Стар Оливера Жежова

vest5Станот на Оливера Жежова, уредник на вестите на регионалната телевизија Стар од Штип, е каменуван ноќеска, околу 23.30 часот, при што се искршени прозорците од балконот, објави весникот Нова Македонија. Напаѓачот фрлил неколку поголеми камења во прозорските стакла од балконот, а успешен бил со два.

– Едниот камен заврши во профилот, а другиот онаму и каде што бил наменет во стаклото. Тресокот се слушна само пет минути откако ги исклучивме светлата, што веројатно значи дека некој чекал пред зградата, изјави Жежова.

Жежова се сомнева дека повод за нападот биле објавени прилози за источниот регион.

– Континуираните остри прилози од Делчево до Штип очигледно не остануваат без ваков вид на одговор. Кој е сторителот и конкретниот мотив, не сакам да прејудицирам, но очигледно е дека се работи за јасно упатена порака, до мене и до телевизијата, вели Жежова.

Уредникот на телевизијата изјави дека и по нападот ќе продолжат со нивната работа.

– Продолжуваме и понатаму како и досега. И понатаму ќе останеме отворени за сите проблеми, и понатаму објективно ќе ги информираме граѓаните за се, и понатаму ТВ Стар ќе
остане најдобрата регионална телевизија и секако, и понатаму нема да се плашиме од камења, па колкави и да биле, потенцира Жежова.