canada goose pas cher canada goose solde canada goose pas cher

Ситници со кои може самите да си го разубавите секој ден

Секој сака да се чувствува сакано и посебно, секој ден. Но, колку од вас чекаат на другите? Колку од вас чекаат некој друг да ги направи среќен?

22-sitnici-so-koi-moze-samite-da-si-go-razubavite-sekoj-den-01

Денес е денот кога чекањето треба да го претворите во делување, и тоа во чест на вашите потреби и вашата среќа.

1. Јадете го она што го сакате и што му одговара на вашиот организам.

2. Прифатете ги комплиментите и кажете „Благодарам“. Човекот кој ви упатил комплимент гледа нешто што можеби вие не го гледате, затоа верувајте му.

3. Дајте комплимент кога ќе забележите нешто позитивно. За момент уживајте во реципроцитетот на среќата.

4. Бидете понежни кон другите.

5. Но, бидете понежни и кон себе. Тоа ќе им даде пример на останатите.

6. Покрај обврските и трошоците, пронајдете начин да заштедите. Потоа купете си го подарокот кој долго го посакувате.

7. Кажете „да“ само кога сакате и кажете „не“ кога работите ви се чинат исцрпувачки без потреба.

8. Дајте си 20 минути одмор или дремка кога и да почувствувате дека сте изморени.

9. Танцувајте, смејте се, пејте… Дајте си дозвола телото да ве понесе.

10. Плачете, врескајте, изолирајте се… Дајте си дозвола да го ослободите бесот и разочарувањето.

11. Дајте си значење. Одбирајте ги зборовите, луѓето, манирите и облеката со посебно внимание.

12. Не ги сфаќајте работите лично. 99% од коментарите кои другите ги кажуваат се нивен проблем, не ваш.

13. Направете си го домот удобен и пријатен.

14. Не го заборавајте и креветот. Тој треба да биде секогаш подготвен за дремка, полнење на батериите или интимен момент.

15. Секогаш кажете му „да“ на патувањето кое ќе ви ја промени дневната рутина и ќе ви донесе мир.

16. Кажете го само она што го мислите и мислете го она што го кажувате. Во спротивно, никој нема да ви верува.

17. Не дозволувајте другите да ви кажуваат како се чувствувате, тоа е ваша одлука.

18. Дозволете си да ги почувствувате работите. Ослободете ја интуицијата.

19. Запишете се на курс или јазик, започнете да тренирате, научете некоја нова вештина. Изненадете се со некоја нова способност која не ни знаевте дека ја поседувате.

20. Почитувајте си ги границите. Кога сте полни, престанете да јадете. Кога сте изморени, престанете да работите. Кога е време да си заминете, направете го тоа мирно и спокојно.

21. Секојдневно поминувајте време сами со себе.

22. Дозволете си да доживеете барем едно единствено задоволство во текот на денот.

Извор:Crnobelo