http://www.parajumpersbelgium.be https://www.parajumpersonlinesale.be http://www.canadagooseonsale.be http://www.troilus.es

Како љубовната врска влијае на вашата кариера?

Природно е да посакувате партнер со кој делите исти амбиции, цели и сонови – вашата љубовна врска влијае на вашата кариера.

6764_251114123242391_1200x732

Ако вашиот партнер верува во вас и ве подржува во вашите цели вие полесно ќе успеете во исполнување на вашите цели. Не само затоа што партнерот ќе ве извади од вашата зона на комфор, тој исто така ќе биде среќен кога ќе ги завршите своите обврски. Со вистинска поддршка ќе ги постигнете своите цели побрзо. Ако вие и вашиот партнер сте на иста бранова должина кога станува збор за професиите – веројатно ќе успеете.

Карактерот на вашиот партнер делува на вашиот карактер и кариера. Прашања кои треба да му ги поставите на вашиот партнер:

  • Кои се твоите долгорочни професионални цели?

Разбирањето на целите на вашиот партнер ќе ве просветли со тоа што ќе дознаете која е неговата желба. Ќе знаете дали имате исти професионални цели и кои работи му се побитни на вашиот партнер од неговата кариера.

  • Кои се твоите краткорочни професионални цели?

Краткорочните професионални цели ќе ви откријат колку вашиот партнер е мотивиран. Ако нема краткорочни цели во професионалниот живот, можеби ова е само период кога тој се посветува на нешто друго, како на пример фамилијата.

  • Како планираш да ги исполниш своите цели?

Супер ако вашиот партнер има планови за наредните неколку години, но дали тие држат вода? Ако не, тоа се само сонови напишани на ливче хартија. Можеби вие ќе треба да го водите низ неговите соништа додека да станат реалност. Дали сте подготвени за таков чекор?

  • Што мислиш за моите планови?

Ова прашање ќе ви одговори доста работи за неговиот карактер. Дали е љубоморен? Песимист? Дали ќе се возбуди? Зависи каков одговор партнерот ќе ви даде, ќе имате идеја како тој ќе се однесува во врската, односно дали ќе ве подржува во вашите сонови,

  • Што имаш постигнато во последните пет години? Дали е тоа она што сакаше да го постигнеш?

Пет години е доста долг период, а доволен за некој да го смени својот живот. Луѓето ги менуваат своите животи за само неколку месеци, а замислете што се можете да направите за пет години! Ова е одлично прашање, затоа што ќе ви одговори дали работи на своите цели. Ако вашиот партнер го исполниш она што го сакал изминатите пет години, шансите се големи да продолжи да го прави истото. Врската со човек кој ќе ве мотивира со самото тоа што ги исполнува сопствените сонови со сигурност ќе има добро влијание и на вас.

  • Каква е твојата утринска рутина?

Со ова прашање можете да добиете одговор кој ќе ви разјасни повеќе работи, затоа што по утрото денот се познава. Ако некој е продуктивен наутро, тоа значи дека личноста има цел и обврска и ќе работи напорно за остварување на своите сонови.

Овие прашања ќе ви расветлат доста работи околу вашиот партнер, а најважното е дали тие делуваат позитивно или негативно на вашата кариера.