canada goose pas cher canada goose solde canada goose pas cher

Алфите легитимирале околу 15.000, привеле 3.696 лица по разни основи

vest4
Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – „Алфа“, во текот на минатата година извршиле легитимирање на 14.690 лица, преглед на 2.704 патнички моторни возила и по разни основи привеле 3.696 лица.

МВР соопшти дека по основ на телеграма, потраги, гласник, наредба од Основен суд приведени биле 700 лица, поради сомнение за извршено кривично дело – 483, за извршено кривично дело – 260, на лице место во вршење на кривично дело приведени се 113 лица, за издржување на казна затвор – 109, за утврдување на идентитет – 88, за држење недозволени предмети – 80 лица и 51 странски државјанин со нерегулиран престој во Македонија.