canada goose pas cher canada goose solde canada goose pas cher

БИТОЛА ГО ДОБИ ПРВИОТ ДИЕТ КЛУБ – ВТ ДИЕТ КЛУБ

Светот влегува во нова ера, ера во која поголем број луѓе ќе уживаат во здравиот начин на исхрана, ера во која повеќе ќе преземаме одговност за сопственото здравје затоа што согледуваме дека единствено така може да се оствари живот исполнет со здравје и енергија. Битола не може и не смее неподготвена да влезе во нутриционистичката ера која доаѓа. Токму тоа беше нашиот главен мотив за да го основаме првиот диет клуб во Битола – ВТ ДИЕТ КЛУБОТ.
dietklub
Денес знаеме дека здравјето, постигнувањето на идеална телесна тежина и витална старост не се последица на чиста среќа и само на генетските предиспозиции. Имено, секогаш кога јадеме, можеме да ги оптимизираме сопствените генетски потенцијали за здравје. Знаеме која порака ја испраќа одреден производ така што веднаш можеме да почнеме со ослободувањето на сопствените генетски потенцијали за оптимално здравје. А, ВТ ДИЕТ КЛУБОТ е тука за да им помогне на Битолчани и на луѓето од нашата мила татковина Македонија, да ги почувствуваат благодетите на здравата исхрана и здравиот животен стил преку обавување на квалитетна нутриционистичка консултација и изработка на солидни, индивидуализирани режими на исхрана.

ВТ диет клубот располага со две прекрасни диет програми: ВТ ДИЕТ ПРОГРАМ И ВТ СПОРТ ПРОГРАМ. На многу наши членови им е познато дека ВТ ДИЕТ ПРОГРАМОТ се базира на принципите на метаболитичката исхрана, која што ја зголемува размената на материи, ја зголемува елиминацијата на токсичните материи од човековиот организам, ја зголемува потрошувачката на калориите и ја намалува метаболитичката возраст. Од претходно споменатото може да се заклучи дека крајните ефекти кои што ги има метаболитичката исхрана врз нашето тело се: намалување на телесната тежина и повраток на здравјето или подобрување на здравствената состојба.

Втората гордост на ВТ диет клубот, ВТ СПОРТ ПРОГРАМОТ има за цел да обезбеди одлични спортски перформанси кај професионалните спортисти и спортистите аматери, обрнувајќи внимание на неколку клучни моменти: времето и брзината на трошење на гликогенските резерви, обновата на мускулните влакна, континуираното и хармонизирано лачење на инсулин итн. Исто така, со овој диет програм се врши превенција кај спортистите од: срцеви заболувања, спортска анемија, оштетувања на коските и зглобовите и др.

За крај би сакале уште да додадеме дека ВТ диет клубот располага со најсовремената и најквалитетната апаратура за квантна резонантна магнетна анализа, која што е набавена од Русија. Со оваа апаратура може да се следат сите етапи и премини од здравје кон болест врз основа на промените на електромагнетните особини на ткивата, на одделни клетки и хромозоми. Станува збор за метода која има огромна прецизност и со која што може да се детектираат и најмалите промени на клетките со што се овозможува една гаранција за добро здравје, во смисол на превенција и превземање на контрола над различните болести со цел да се спречи нивно појавување.

Просториите на ВТ диет клубот се наоѓаат во ДТЦ Шехерезада приземје, локал 11. Доколку сте заинтресирани за некоја од нашите услуги, слободно посетете ги нашите простории или пак јавете се на 078/ 678 – 601 за подетални информации.

Автор: Таневски Влатко